Во непосредна близина на Центарот за култура во Тетово, вчера околу 14 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале четири лица: Б.Ш.(24) и В.Н.(19) од населбата Дреновец од една и браќата Џ.С.(24) и Д.С.(23) од Слатино, од друга страна.
Поради нивни претходни недоразбирања и меѓусебна вербална расправија, најпрво В.Н. со метален пендрек го удрил Џ.С. по главата и избегал, по што продолжила тепачката во која Б.Ш. употребил и безбол палка.
Физичката пресметка, потоа се префрлила и во просторите на објектот на АД„ Стопанска банка“, каде биле оштетени делови од опремата, информираат од тетовската полиција.
Полициски службеници на СВР Тетово, за кусо време пристигнале на местото на тепачката, a сите инволвирани биле приведени. Во координација со јавен обвинител се расчистуваат сите поединости, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.