На 8 меѓународен филмски фестивал за културното наследство што се одржува во Софија, ќе биде претставен филмот “Росе од Заград” (48 мин, призводство 2015 г) во режија на Владимир Боцев и во продукција на Музеј на Македонија.
Заград е село во пределот Порече. Во него живеат само неколкумина постојани жители, меѓу кои е и Росе, 36 годишен маж, кој живее со неговата мајка. Филмот паралелно го покажува секојдневието на Росе и обредот Водици, што секоја година се одржува во селото Заград. Обредот, пред се, го одржуваат иселените жители на селото кои за време на празнување се враќаат во родното село.
Ова ќе биде премиерно прикажување на овој филм, а режисерот Боцев и минтата година учествуваше со неколку свои филмови на овој Фестивал, за кое доби и специјална награда од жирито на фестивалот.
Филмскиот фестивал за културно наследство во Софија го организира Меѓународната фондација “Детев” во соработка со културните центри и институти кои имаат свое седиште во Софија. Културно-информативниот Центар на Р. Македонија трета година по ред претставува македонски филмови посветени на македонското културно наследство. Сите филмови што ќе ги претстават странските културни центри и институти во Софија. ќе бидат прикажувани во Американскиот Центар во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.