| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Очекувам граѓаните да гласаат за тие што сметаат дека треба

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека гласањето се одвива во фер и во демократска атмосфера.

– Пред малку го остварив своето гласачко право. Можам да забележам дека барем досега, до 14 часот и 30 минути, работите се одвиваат добро. Очекувам граѓаните во голем број да го искористат своето гласачко право и да гласаат за оној за кого сметаат дека треба да гласаат, а Македонија ќе продолжи да чекори напред, во следните проекти, во следните работи кои се предвидени да се направат за сите македонски граѓани – истакна премиерот Груевски кој гласаше на избирачко место во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“.

grujo-5-520x360

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top