Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека гласањето се одвива во фер и во демократска атмосфера.
– Пред малку го остварив своето гласачко право. Можам да забележам дека барем досега, до 14 часот и 30 минути, работите се одвиваат добро. Очекувам граѓаните во голем број да го искористат своето гласачко право и да гласаат за оној за кого сметаат дека треба да гласаат, а Македонија ќе продолжи да чекори напред, во следните проекти, во следните работи кои се предвидени да се направат за сите македонски граѓани – истакна премиерот Груевски кој гласаше на избирачко место во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“.
фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница