| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Со луѓе како Земан ќе ги обновиме односите со Западот

putin zemanПретседателот на Русија Владимир Путин на средбата со чешкиот претседател Милош Земан,  ги оцени неговите „независни политички ставови” во кои гледа шанса за враќање на стандардните односи со Запад.

– Со задоволство би констатирал дека во Европа се уште има политичари кои се способни да го кажат своето мислење директно и да ја бранат и промовираат независната политика, го поздрави Путин чешкиот колега. Путин додаде дека Москва не е иницијатор за отуѓување на односите меѓу Русија и Западот и изрази надеж дека благодарение на политичарите како Земан односите можат да бидат обновени и продлабочени.

Земан, кој одбил преведувач и со Путин зборувал на руски јазик изјави дека со посетата на Москва сака да изрази почит не само на војниците кои биле убиени на територијата на поранешна Чехословачка туку и на 20 милиони советски граѓани кои загинаа за време на Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top