Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со чешкиот претседател Милош Земан, ги оцени неговите „независни политички ставови” во кои гледа шанса за враќање на стандардните односи со Запад.
– Со задоволство би констатирал дека во Европа се уште има политичари кои се способни да го кажат своето мислење директно и да ја бранат и промовираат независната политика, го поздрави Путин чешкиот колега. Путин додаде дека Москва не е иницијатор за отуѓување на односите меѓу Русија и Западот и изрази надеж дека благодарение на политичарите како Земан односите можат да бидат обновени и продлабочени.
Земан, кој одбил преведувач и со Путин зборувал на руски јазик изјави дека со посетата на Москва сака да изрази почит не само на војниците кои биле убиени на територијата на поранешна Чехословачка туку и на 20 милиони советски граѓани кои загинаа за време на Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.