| четврток, 6 декември 2018 |

Вранишковски доби кривична пријава за лажно претставување

Голем црковно - дипломатско - царински скандал

Човекот што низ светот се претставува како српскиот егзарх во Македонија денеска добил кривична пријава за лажно претставување од една западно европска земја откако било утврдено дека лажно се претставувал по аеродроми и гранини премини.

На граничниот премин Хоргош Ем Зи Парикс , Вранишковски бил забележан од цариник кој што трипати бил во Лондон и од близу го видел човекот по име Дејвид Камерон кој што не е во крвно сродство со режисерот Џејмс Камерон. Најверојатно имал врска со Камерон Дијаз но истрагата не го опфатила и овој проблем.

 

камерон вранишковски

 

По преземените опсежни мерки со ДНК и фацијална анализа било утврдено дека Вранишковски со години лажно се претставува како свештеник а у ствари е политичар сега вршител на должност премиер на една западна земја која што од разбирливи причини не можеме да ја објавиме.

Јован 1
Откако лажниот поп бил избричен на суво било утврдено дека тој во слободно време бил премиер а хонорарно се занимавал со религиозни работи. За среќа пошто Вранишковски е српски и грчки чоек Македонија нема да добие протестна нота од наводната западна земја која што ја довел во заблуда.

камерон
Изрази на шокираност денеска покажаа и кралицата Елизабета, снаата Камила, внуците со децата и девојките, сите поданици на кралската круна во анонимната земја. Изрази на подршка стигнале и од Принцот Караџорџевиќ, Кралот Симеон Саксобурготски и грчката принцеза Ана.

 

 

kebapi predejane

Контролен пункт на МВР – СПЦ кај Предејане

 

Извори од истрагата од друга страна тврдат дека пријавата не ја добил Вранишковски туку Камерон кој што на пат за Грција поминувал преку Србија при што на контролна точка од полицијата на Српската православна Црква кај Предејане било утврдено дека лажно се претставувал како поп. Екипата на Двоглед е на терен и штом дознае нешто нови во овој голем меѓудржавен и верски спор ќе ви пренесе одма.

 

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Лукавиот Лука

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top