| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава стигна во БиХ и упати порака: Наскоро сите ќе летате во воздух!

До државната телевизија на Босна и Херцеговина, “BHRT”, на нејзиниот профил на Фејсбук, пристигнала заканувачка порака од исламистите, пишува „Вечерњи лист“.

Пораката била пратена од профил со име Абу Сухајла Салахадин, а во неа било ветено дека босанскиот народ наскоро ќе доживее хорор.

“Наскоро ќе имате многу за емитување…знајте дека Исламската држава пристигна во Босна и дека наскоро сите ќе летате во воздух, и дека ќе исчезнувате сите по ред, сè додека знамето на “LA ILAHA ILLA ALLAH” не почне да се вее над Босна…зората на Исламот пристигна, во тоа бидете убедени…а браќата се подготвени да ве убиваат полека и сигурно”, стои во пораката која била пратена до Фејсбук профилот на редакцијата на телевизијата.

Информацијата ја потврдила и Државната служба за истрага и заштита, како и генералниот директор на Радио-телевизија Босна и Херцеговина, Мухамед Бакаревиќ.

“Веднаш пријавивме до надлежните служби и го зголемивме степенот на безбедност во објектот. Го засиливме и надзорот над влезот. Обезбедувањето го проверува секој што влегува во зградата”, истакнал Бакаревиќ.

Ситуацијата е посебно загрижувачка кога ќе се земе во предвид дека сè се случува во моменти на напнатост, по терористичкиот напад во Зворник, каде пред неколку дена бил убиен полицаецот Драган Џуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top