Надлежен јавен обвинител, денеска склучи спогодба со двајца обвинети во акцијата „Чекан“. На обвинетите кои до сега не се осудувани им е одредена казна затвор во траење од две години и седум месеци за сторени две кривични дела „злосторничко здружување“ од член 394 став 2 и продолжено кривично дело „изнуда“ од член 258 став 2 вв став 1 вв член 45 од Кривичниот законик. Во исто време, на сега осудените лица им е определена глоба од по 3100 евра за сторено кривично дело „лихварство“ од чл.260 ст.2 вв. ст1 од Кривичниот законик.
Криминалната група во која биле и обвинетите, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Осудените неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.
Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги прифати Спогодбите и донесе соодветни Пресуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.