Овој викенд, Скопје е роденденски расположено. Под градското ниво, во клубот -1, „Скопје Се Носи“ ќе го прослави својот прв роденден. Среќната „годинка”, како што велат, мина навистина брзо – исполнета со многу стилски Скопски приказни, авангардна естетика и љубов кон луѓето кои со својот стил зрачат по улиците на главниот град.
А сето тоа, вреди да се прослави!
Роденденската журка, која ќе биде од отворен тип, е закажана за сабота (08.05), со почеток во 22:00 часот. До утринските часови, зад музичкиот пулт ќе стојат DJ Puk’kah и Flooder.
Скопје се носи e првото место каде се претставуваат Скопските стилски приказни и нивната естетика. На страната можат да се пронајдат различни интересни содржини, кои го прават овој виртуелен простор навистина уникатен. Проектот исполнет со ентузијазам и желба за презентација на уникатните „стилски парчиња” од главниот град, една година подоцна, е едно од главните онлајн собиралишта на Скопјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


