| четврток, 6 декември 2018 |

На 21 мај ќе се гласа за Специјалниот суд во Косово

K

Дневниот весник „Косова сот“ најавува дека на 21 мај ќе има гласање во косовското Собрание за основање на Специјалниот суд што ќе се занимава со воени злосторства.

Според весникот, веќе сега се знае дека седиштето на Специјалниот суд ќе биде во Холандија каде што ќе бидат префрлени и притворени осомничените.

Според уставен амандман, предложен од косовската Влада, во составот на тимот обвинители и меѓународни судии, кои ќе истражуваат случаи на воено злосторства на ОВК, нема да има ниту еден косовски обвинител без оглед што судските институции ќе се третираат како институции подредени на законодавниот систем на Косово, наведува „Косова сот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top