
Министерството за внатрешни работи попладнево инфомираше за два инцидента, еден во Охрид кога револтирани граѓани блокирале улица поради агитирање за време на гласањето и друг во Куманово каде што е поднесена кривична пријава за кумнаовец што ги расфрлал гласачките ливчиња. Нивна оцена е дека немало сериозни инциденти.
Во нивното соопштение се вели:
„Локалните избори во 2013 година, според информациите со кои досега располага Министерството за внатрешни работи, се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера. Со задоволство може да констатираме дека заклучно со 14.00 часот, не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, така што и немаше потреба од посебна интервенција на полицијата. Гласањето на избирачките места се одвива без проблеми и без нарушувања на избирачкото право. На некои места имало задоцнување или мали прекини при гласањето поради технички причини или поситни забелешки, но тоа, генерално, не влијаело на избирачкиот процес.
Најголемиот дел од избирачките места, преку 99 проценти навреме се отворени и во нив гласањето тече без никакви проблеми во демократска атмосфера. Оперативниот штаб на МВР функционира постојано, а во него се присутни и претставниците на меѓународната заедница и набљудувачките мисии.
До Министерството за внатрешни работи се доставени повеќе поплаки и претставки и по сите нив се постапува. Поголемиот дел се однесуваа на некакви забелешки во текот на вчерашниот ден, односно за нарушувања на предизборниот молк. Во врска со нив досега е процесуиран еден посебен извештај за случај во село Зрновци каде што две лица се товарат за сторено кривично дело – „поткуп при избори и гласање“ бидејќи истите според сознанијата на полицијата на лице од селото му дале пари за да гласа за нив.
Во врска со инцидентот во Свети Николе за кој известуваа медиумите, веднаш по пријавувањето полицијата излезе на терен и во присуство на Општинската изборна комисија констатираше дека лицата што биле во просториите на директорот на СУЦ „Кочо Рацин“, се одбор кој е формиран од локалната самоуправа за пречек и целокупна организација на лицата гости од Чичевац, Р.Србија, кои по повод верскиот празник Тодорова сабота се учесници во делот на културно-уметничката програма на меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица 2013“ како и организација по повод роденденот на трагично загинатиот полициски службеник од Свети Николе, Александар Серафимов за ден 24.03.2013. Во присуство на невладини организации и на Истражен судија, како и на членови на партиите е извршен детален преглед на целата зграда со која располага СУЦ „Кочо Рацин“ вклучувајќи ги и канцелариските простории како и просториите коишто се наменети за “избирачки простории“ за денот на изборите, и од сите горенаведени присутни едногласно е констатирано дека немаат никакви забелешки или какво било нарушување на избирачкиот процес во согласност со Кривичниот и со Изборниот законик на РМ.
Веднаш потоа во наведениот состав, по барање на ИС и ОЈО при Основен суд Свети Николе е појдено во ОИК Свети Нколе каде што е предочен доверливиот изборен материјал, кој е сместен во општинската зграда на локалната самоуправа на Свети Николе. Таму исто така е констатирано дека немаат никакви забелешки односно избирачкиот материјал за изборните места 1673 и 1674 како и целокупниот избирачки материјал за сите избирачки места на подрачјето на општина Свети Николе се наоѓаат во зградата на општина Свети Николе каде е обезбедуван од страна на УПС од ПС Свети Николе.
Сличен таков случај е регистриран и во Охрид вчера околу 22 часот кога од страна на пет лица жители на охридското село Лескоец беше пријавено нарушување на изборниот молк со обид за агитирање кај неколку жители на селото. Споре пријавителите околу 21 часот еден од кандидатите за градоначалник на Охрид со три патнички моторни возила и со неколку други лица пристигнал на улицата “Тоде Лупески“ во месноста Скребатска мала. Со цел проверка на добиените информации СВР Охрид на лице место упати патролна служба. Притоа, забележана е група од околу 50 граѓани видно револтирани од обидот за агитирање и нарушување на изборниот молк поради што на коловозот поставиле неколку свои патнички и моторни возила. Набргу по барање на полициски службеници отстранети се возилата паркирани на коловозот и овозможено безбедно одвивање на сообраќајот. Докази за оваа пријава досега не се обезбедени.
Во текот на денешниот ден поднесена е една кривиќна пријава против Д.С. (28) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривични дела “повреда на слободата на определување на избирачите“ и “обид за спречување на избори и гласање“. Истиот се товари дека во 9,15 часот на гласачкото место 1040 во ОУ “Наум Фрашери“ во Куманово ги расфрлал гласачките ливчиња и предизвикал прекин на гласањето по што се дал во бегство.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


