Европската комисија редовно е цел на шпионски активности, изјави еврокомесарот за дигитална економија и информациско општество Гинтер Јотингер и нагласи дека Русија ги прислушувала минатогодишните преговори за доставките на гас за Украина,
– Стручњаците постојано ме информираат за напади од и надвор од Европа – додаде Јотингер.
Јотингер додека беше еврокомесар за енергетика минатата година раководеше со преговорите меѓу Украина и Русија, чијашто цел беше да се гарантира дека „Газпром“ нема да ги сопре доставите за Киев и покрај тоа што земјите не можеа да постигнат договор за цените на горивото.
Тој изјави дека преговорите продолжиле и покрај тоа што, како што рече, бил, сигурен дека Русија си давала нечесна предност.
– Убеден сум дека „Гаспром“ знаеше сè за текот на преговорите. За среќа не бевме добро подготвени – рече еврокомесарот.
Јотингер нагласи дека ЕК очекува следните недели извештај од Берлин, во кој ќе биде посочено дали германските агенции пресретнувале информации од Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“