Специјалниот претставник на Стејт департментот за енергетски прашања, Амос Хохштајн денеска ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи и со министерот за одржлив развој, животна средина и енергетика за да разговараат за алтернативата за „Турски тек“, соопшти грчкото министерство.
– На овој состанок, кој ќе се одржи на иницијатива на американскиот дипломат, ќе се расправа за енергетски теми што се во интерес на двете страни, се наведува во соопштението пренесено од руската агенција РИА новости.
Министерот за енергетика на САД, Ернест Монис, претходно изјави дека САД планираат да го претстават алтернативниот гасовод, кој би одел од Азербејџан, додека, според тврдењата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, овој гасовод би можел да оди преку територијата на БиХ и на Албанија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е расположена да ја финансира изградбата на „Турски тек“ преку територијата на Грција.
Путин во април изјави дека со влегувањето на Грција во овој проект , земјата ќе стане една од клучните центри за дистрибуција на гас во Европа, но и дека ќе заработи стотици милиони евра годишно од провизијата за транзит на гасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.