Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Берлин изјави дека приоритет на државната политика е добивање на покана за членство во НАТО, пренесува Танјуг.
Тој посочи дека Владата го избрала НАТО не за да биде против Русија или против кого било, туку поради тоа што ги дели вредностите на Алијансата.
Ѓукановиќ посочи дека црногорската Влада до крајот на годинава очекува покана за членство во НАТО.
– Тоа е наша идеја водилка. Мислиме дека нашиот оптимизам е реален… и поканата ќе уследи во декемвери. Веќе следната недела очекуваме позитивни тонови и пораки на охрабрување од Министерскиот состанок на НАТО во Анталија – посочи Ѓукановиќ.
Тој наведе дека членството на Црна Гора во НАТО е важно и за Балканот, за целиот Медитеран, како и за стабилноста на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток