Особено е значајно, се вели во честитката, да се истакне улогата на полицијата во спасителните акции и ангажманот за време на природни непогоди, како и нејзината работа во заедница и јакнење на довербата и врските со граѓаните во напорите за превенцијата на криминалот.
– Како резултат на ваквиот ангажман, довербата на граѓаните во полицијата се повеќе се зголемува, а полицијата несомнено стана гарант за безбедноста, јавниот ред и мир во општеството. Ваквата улога на полицијата во изминативе недели, а особено овие денови, е ставена на тест, кој до сега успешно го положи. Како ретко каде на друго место во светот, полицијата покажа голема воздржаност, професионалност и пожртвуваност, стоички ги издржа вандалските напади по цена на голем број на повредени полициски припадници, со цел да не дозволи ескалација на насилствата и влегување во сценариото на оние кои не му мислат добро на македонскиот народ и држава – наведува премиерот Груевски во честитката.
Во наредниот период, додава, останува да се продолжи со истиот пристап во справување со безбедносните предизвици и одржување на јавниот ред и мир. -Нема да биде лесно, но уверен сум дека вашето знаење и искуство ќе помогне за полесно справување со сите предизвици и закани – истакнува премиерот Груевски.
Како резултат на реформите кои што се спровеле изминатите години во полицијата и генерално во ресорот за внатрешни работи во Република Македонија, како и континуираните вложувања во опрема и обуки на полициските службеници, македонската полицијата, според Груевски, покажала голема професионалност, ефикасност и бескомпромисност во справувањето со криминалот и безбедносните предизвици.
Во честитката премиерот им се заблагодарува на сите полициски службеници на досегашната пожртвувана работа и им посакува многу успех, здравје и просперитет на личен и професионален план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски