Работник починал попладнево откако паднал од објект на кој се изведувале градежни работи во населбата Питарница во Гостивар.
Според првичните сознанија, станува збор за 62-годишен гостиварец, жител на населбата Циглана, кој со уште неколку лица изведувал градежни работи на покрив од куќа. По падот била повикана и итна помош, но дежурниот лекар констатирал смрт, која најверојатно настанала од повредите што ги добил при падот.
Од СВР Тетово потврдуваат дека кај нив е пријавен случајот и дека нивна екипа е испретена на увид.
За причините кои довеле до несреќата се најавуваат по увидот, кој е во тек, а го спроведуваат јавен обвинител, екипа на крим-техника и државен инспектор за труд.
Годинава ова е втор трагичен случај од четирите регистрирани несреќи при работа. Лани во Гостиварско имало 20 несреќи во кои биле повредени исто толку работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Уште една трагедија: Загина мотоциклист
-
Зад себе ги остави синовите Стојмен и Ненад: На денешен ден во Слупчане животот го загуби Синиша Стоилов
-
Тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Скопје, едно лице загина