Во изминатите шест месеци физички лица, фирми и државни компании во Грција повлекле од банките 35 милијарди евра, објави „Катимерини“.
Најмногу пари повлекле физички лица и фирми, а во изминатите два месеца „водат“ фирми во сопственост на државата.
Во март биле повлечени 3,7 милијарди евра, а во април пет милијарди евра.
Според официјални податоци на Централната банка на Грција, во моментот се во оптек 41 милијарда евра – зголемување за 10,9 отсто во споредба со ноември 2014 година (30,1 милијарда евра).
Тоа е еден од највисоките во еврозоната – тие пари се околу 25 отсто од БДП на државата, додека за останатите таа цифра е 6-8 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција