| четврток, 6 декември 2018 |

Нерешено е во тренд во НБА, на 1-1 израмнија и Кливленд и Хјустон

Сите четири полуфинални серии во НБА-лигата се егал, односно резултатот е 1-1, што најави неизвесни пресметки за пласман во финалето во источната и во западната конференција. Ноќеска Кливленд кавалирс и Хјустон рокитс победија и се вратија во игра.

Леброн Џејмс одигра многу подобро од првиот меч против Чикаго булс, а Кливленд лесно се реваншираше за стартниот пораз. Коњаницата славеше со 106-101 во меч во кој од почетокот имаше контрола на резултатот и убедлива предност.

Зад Леброн на листата на стрелци се запиша Кајри Ирвинг со 21 поен, а кај Чикаго најефикасен беше Батлер со 18 поени.

И во Хјустон се разиграа двете главни ѕвезди во тимот, Харден и Хауард, а „ракетите“ летаа сигурно кон прва победа (115-109) во серијалот со Лос Анџелес клиперс. Харден постигна 32 поени, а Хауард имаше импресивни 24 поени и 16 скока. Кај гостите, во отсуство на Крис Пол, најефикасен беше Блејк Грифин со 34 поени, најмногу на мечот.

Cleveland Cavaliers at New York Knicks

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top