| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Милениум“ и во „Фросина“ се одбележува 20 години од филмот „Пред дождот“

Oд 7 до 10 мај во Скопје ќе се одржат 4 дена со Милчо Манчевски, посветени на јубилејот, 20 години од „Пред дождот“ и целокупното негово творештво. Во кината „Милениум“ и „Фросина“ премиерно ќе бидат прикажани новите ремастерирани дигитални копии на филмовите на Манчевски.

В четврток (7 мај), во 20 часот, во киното „Милениум“ по светска премиера на дигиталната копија на „Пред дождот“ ќе следува разговор на Манчевски со гледачите, пренесуван и за пошироката публика, во живо преку интернет. Прашања ќе може да се поставуваат преку социјалните мрежи.
Во наредните денови во киното „Фросина“ следуваат проекции на останатите негови филмови, како и забави и дружење по нивното завршување. Предвидена е и трибина и промоција на монографијата за целосниот опус на Манчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top