Лионел Меси е фудбалски магионичар, а дел од раскошниот фудбалски квалитет аргентинскиот ас го презентираше и вечерва против Баерн во првото полуфинале од Лигата на шампионите што се одигра на „Камп Ноу“.
Барселона го победи Баерн со 3-0, а стрелец на првите два гола беше токму Лионел Меси. Потоа првиот стрелец на Барса, извонредно му асистираше на Нејмар за конечни 3-0.
Каталонците долго го кршеа отпорот на десеткуваниот состав на Баварците и во финишот успеаја да го најдат клучот на успехот. За само 180 секунди Меси погоди двапати на вистинското место, а Мануел Нојер беше немоќен. Најпрво во 77. минута “десетката“ на Барселона погоди од далечина, а само три минути подоцна со магичен дриблинг го исфрли од игра Боатенг и пак ја затресе мрежата мрежата на Баерн. Со нова магија Меси го исфрли сам Нејмар пред голманот на Баерн, а Бразилецот лесно погоди за убедлива победа.
Каталонците ќе патуваат на реваншот во Минхен со значајна предност и што е мошне важно без примен гол, а Баерн ќе има тешка задача да се пласира во финалето во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.