| четврток, 6 декември 2018 |

Кисела Вода доби игралиште за деца со посебни потреби

132628156

Игралиште за деца со посебни потреби денеска беше отворено во населбата 11 Октомви во општина Кисела вода по повод „6 Мај“ денот на Општината.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин информира дека игралиштето е изградено со заеднички средства на Министерството и Општина Кисела вода во соработка со Националниот солуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“.

– Министерството за труд и социјална полиртика заедно со другите општини и здружението  „Мобилност-Македонија“ досега има инвестирано во осум вакви игралишта. За во текот на 2015 година имаме доставено информација до Владата за отворање уште две вакви игралишта во општините Аеродром и Битола, истакна Хусеин.

Според претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Трајче Донев игралиштето ќе овозможи социјализација на децата со посебни потреби.

Игралиштето е со површина од 280 метри квадратни од кои 200 метри се  за игралиште, а останатиот дел е патека со ширина од 2.4 метри. Игралиштето е опремено со детски реквизити поставени на специјален под кој не го ограничува движењето, клупи, корпи за отпадоци и осветлување. Детските реквизити се од Министерството за труд и социјална политика, а Општината од својот буџет за изградба на игралиштето издвоила 1.5 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top