| четврток, 6 декември 2018 |

Балкан Барометар: Економијата поголема грижа отколку политиката

a man rising coins

Граѓаните од државите од Западен Балкан воглавно ја поддржуваат регионалната соработка и европските интеграции, но загрижени се поради економските состојби, невработеноста и лошата управа, се вели во истражување на Балкан барометар претставено денеска во Брисел.

Околу 40 отсто од сите жители на регионот се залагаат за влез на своите држави во Европската унија.

Тој процент варира од преку 80 отсто во Албанија до само 24 отсто во Србија, се вели во податоците.

Истражувањето беше претставено денеска во рамки на Денот на регионална соработка во организација на Советот за регионална соработка и Балканскиот фонд за демократија.

Денот на регионална соработка се одбележува со цел да се испрати јасна порака за тоа до каде државите од Западен Балкан стигнале во процесот на реформи и колку се подготвени да продолжат со тој процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top