Грција денеска ќе плати рата од 200 милини евра на Меѓународниот монетарен фонд, соопшти грчкиот заменик министер за финансии Димитрис Мардас.
Следната транша кон ММФ, во вредност од 750 милиони евра, мора да биде платена на 12 мај.
Грчки технички тимови во моментов преговараат со меѓународните кредитори, со цел да се одблокира следната транша од финансиската помош за земјата. Од траншата од 7,2 милијарди евра која Грција се обидува да ја обезбеди, 3,5 милијарди евра се рати за ММФ.
Грчките медиуми деновиве шпекулираа со тоа дали Атина ќе биде во можнот да ја плати денешната рата кон ММФ, со оглед на тоа што се уште се исплаќаат и плати и пензии. Беа објавени и информациите дека ММФ го зголемил притисокот во разговорите за долгот, по што грчкиот премиер Ципрас телефонски разговараше со шефот на Фондот Кристин Лагард. Иако кабинетот на Ципрас соопшти дека тие „дискутирале за прашања поврзани со актуелните преговори“, во некои медиуми беше објавена информација дека наводно грчкиот премиер и рекол на Лагард дека Грција нема да може да ја плати ратата кон ММФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!