| четврток, 6 декември 2018 |

За Џумајлија се заинтересирани околу 30 компании

џу

Околу 30 фирми се пријавиле на огласот за пројавување интерес за закуп на земјоделското земјиште во „Џумајлија“, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.

– Во тек е разгледувањето на понудите. По изборот на најдобарата, ќе биде распишан и огласот за издавање под закуп на ова земјиште – рече Цветков.

Министерството за земјоделство во март годинава го објави повикот за интерес за закуп за земјиштето во Џумајлија кое му припаѓаше на индискиот бизнисмен Субрата Рој, а рокот за поднесување бизнис планови беше до 22 април.

На лицитација беа четири географски целини со вкупна површина од 4.435 хектари, чијашто почетна цена се движеше од 89.000 евра до околу 102 илјади евра зависно од нивниот квалитет, локацијата и големината.

Лани Македонија еднострано го раскина договорот со компанијата на Субрата Рој „Сахара индија паривер“, бидејќи компанијата не ги испочитува условите од договорот. Министерството за земјоделство ја активираше банкарската гаранција од три милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top