Учениците ги очекуваат новите прашања што ќе бидат на екстерното тестирање на крајот на оваа учебна година. Тие прашуваат зошто од интернет-страницата се тргнати прашањата што биле дел од минатогодишните тестирања и во моментов нема никакви прашања за тестот што ги очекува.
Од Министерството за образование велат дека се извлекуваат прашањата за тестовите за оваа учебна година, а деновиве на веб-страницата ќе ги објават новите прашања.
–Учениците годинава ќе имаат нови тестови, кои нема да бидат идентични со тие што се полагале минатата година. Има базен од прашања, од кој ќе бидат извлечени новите прашања. Може да се случи да се извлече некое прашање што било извлечено и минатата година, односно го имало на тестовите, но сепак, се работи за нов тест – појаснуваат од Министерството за образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст