| четврток, 6 декември 2018 |

Пекабеско со годишен извоз од 7 милиони евра

zgrada 

И во услови на криза може да се инвестира и вработува. Доказ за тоа е компанијата Пекабеско, која ги шири капацитетите, но и извозот.

Во текот на минатата година извезовме 1.500 тони во БиХ, 1.300 тони во Црна Гора и 300 тони во Србија и Косово. Целокупниот годишен извоз во 2014 година достигна речиси 7 милиони евра – изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско.

Според Кутревски, Пекабеско е доказ дека и во услови на криза може да се инвестира и вработува. Пекабеско сред економската криза инвестираше над 13 милиони евра во нов Производствено – логистички центар во Кадино, општина Илинден.

Објектот со големина од 20.000 м2 беше отворен на крајот од 2012 година.

-Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70 отсто, а минатата година за 40 отсто. Минатата година извозот во 4 земји од регионот достигна рекордни 7 милиони евра – вели првиот извршен директор на компанијата.

Пекабеско е компанија е со 40-годишна традиција која денес брои повеќе од 430 вработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top