| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово ќе се формира на 26 мај

косово2

Специјалниот суд за воени злосторства, извршени од ОВК нејверојатно ќе биде формиран на 26 мај, за кога е закажана седица на Советот за безбедност на Обединетите нации, изјавија меѓународн извори во Приштина, јави БТА.

Според тие извори гласањето за формирање на Специјалниот суд ќе се одржи на некоја од седниците на косовскиот Парламент меѓу 21 и 25 мај.

– На лидерите на Косово им беше посочено дека одлуката за основање на судот треба да биде донесена пред 26 мај, за кога е закажана седницата на Советот за безбедност на ОН – велат меѓународните извори.

Специјалниот суд ќе им суди за злосторства на поранешни членови на ОВК, споменати во извештајот на Советот на Европа од 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top