Излез на Грција од еврозоната не е опција, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во говор на Универзитетот во Лувен во Белгија, додавајќи дека тоа ќе предизвика „значајни опасности во Европа“.
Како што се пренесува во Грција, Јункер, исто така, се осврнал и на обврските на Атина кон еврозоната и потребата за солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ.
– Грција направи грешки во минатото. Владата на Андонис Самарас ги направи вистинските чекори и оние кои се сомневаа во тие чекори победија на изборите и сега се соочуваат со нивните предизбони ветувања – рече Јункер.
Претседателот на ЕК истакна дека тој најмногу е загрижен за грчките граѓани, а не за Владата. Според него, никој нема право да му се обраќа на грчкиот народ како да е запоставен дел од Европа, туку треба да се покаже солидарност.
– Атина мора да преземе големи чекори во наша насока, а ние мора да бидеме подготвени да одговориме на соодветен начин на чекорите – подвлече Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција