| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија им забрани на своите граѓани да работат на Блискиот Исток

индонезија

Индонезија забрани нејзините граѓани да одат на работа во државите на Блискиот Исток образложувајќи дека во тие држави, во кои индонежаните обично работат како куќна послуга, нивниот третман е на најниско ниво на човечкото достоинство. Конкретна причина беше и неодамнешното обезглавување на две индонежанки во Саудиска Арабија, „судени“ според шеријатските прописи.

Забраната се однесува на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Египет. Објавувајќи го списокот на забранетите држави, индонезискиот министер за труд Ханиф Декири изјави дека во претстојните три месеци Индонезија ќе преземе конкретни мерки нејзините сограѓани безбедно да се вратат од овие држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top