Италијанскиот клуб Интер му оддаде огромна почит на Аргентинецот Хавиер Занети повлекувајќи го неговиот дрес со број четири во историјата. Занети речиси две децении беше член на Интер и остави голема трага во клубот освојувајќи сѐ што можеше да се освои во Италија и во Европа.
Никој после Занети нема да може да ја облече четворката како знак за огромна чест кој овој фудбалер.
„Занети засекогаш“ (4ever) беше означено синоќа на ревијален натпревар на кој продефилираа огромен број фудбалски ѕвези кои играле заедно или против Занети во Серија А.
На ревијалниот меч можеа да се видат големи имиња како Фиго, Шевченко, Ето, Креспо, Амброзини, Џоркаеф, Матеус, Кафу, Станковиќ, Инзаги, Виери, Бобан, Кордоба, Сидорф, Заморано, Толдо, Костакурта, Албертини, Леонардо.
Популарниот „Трактор“ сега е член на раководството на Интер и ќе продолжи да ја извршува таа функција како дел од управата на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.