| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот на туристичката агенција „Јупитер“ доби притвор и пет години забрана за влез во Турција

249825_107317549359834_7428038_n

Притвор и пет години забрана за влез во Турција добил менаџерот на агенцијата „Јупитер“ кој измами 400 македонски туристи бидејќи не го платиле нивниот престој во хотелот „Севџан“ каде што биле сместени за првомајските празници, јави порталот „НоваТв“.
Патниците се вратија во Македонија денеска напладне, откако синоќа интервенирале од конзулатот, по што им биле вратени пасошите на 380 патници колку што биле сместени таму.

Во хотелот, пред заминување кога им биле задржани пасошите на патниците се одвивала вистинска драма, дошло и до тепачка, по што интервенирала полиција, а менаџерот Бојан Јовановски бил однесен во полициска станица, според порталот „Новатв“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top