Грчките медиуми, претежно без коментар, објавуваат информации за конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој премиерот Никола Груевски беше реизбран за лидер на партијата.
Пренесувајќи го извештајот на државната новинаска агенција АНА-МПА, грчките медиуми најмногу се задржуваат на делот од говорот на Груевски во кој тој зборуваше за проблемот што Грција го има со нашето уставно име.
– Во неговиот говор на партискиот конгрес, тоj повтори дека стратешки цели на Владата остануваат влезот на земјата во ЕУ и во НАТО, и ја обвини Грција дека ја користи економската криза како изговор за да спречи суштински преговори за наоѓање решение за прашањето за името – пишуваат грчките гласила.
Кај јужниот сосед се истакнува, меѓу другото, дека Груевски ги повтори „цврстите позиции на партијата дека нема да прифати уставен амандман со цел промена на името на државата“.
Тој, исто така, рече дека нема да прифати идеи и предлози што ќе влијаат на македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик, а секое можно решение за прашањето за името ќе биде ставено на референдум, јавуваат грчките медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски