| четврток, 6 декември 2018 |

Се окрупнува македонската колонија во Серија А, Александар Трајковски е нов член на Палермо

Македонската колонија во Серија А и во Серија Б во Италија доби нов член и на триото Пандев, Ристовски и Јакимовски ќе им се приклучи и Александар Трајковски. Крилото на Зулте Варегем и на македонската репрезентација потпиша двегодишен договор со Палермо и од идната сезона ќе настапува за клубот од Сицилија.

aleksandar trajkovski.jpg 2

На Стефан Ристовски, кој е член на Парма, но игра како позајмен играч во Латина, од ова лето ќе му се приклучат и Горан Пандев, кој се враќа во Калчото и ќе игра за Џенова. Во истиот клуб, според најавите, би требало да игра и Јакимовски, кој моментно е член на Варезе.

Од нив само Ристовски, според досегашниот статус, би играл во Серија Б бидејќи Парма сигурно ќе испадне од Првата италијанска лига, а и Латина, каде што сега настапува десниот бек, игра во Втората италијанска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top