Почнаа подготовките за дојранскиот фестивал „Д фестивал 2015“, кој оваа година ќе го прослави своето јубилејно петто издание. Фестивалот првпат ќе трае три дена и ќе се одвива од 17 до 19 јули во Дојран, за посетителите годинава ќе биде обезбеден и посебен камп-простор на автентичното дојранско крајбрежје.
Изминатите четири изданија, дел од „Д фестивал 2015“ беа многубројни музички ѕвезди кои привлекоа повеќе од 14.000 посетители, па паркингот „Гранит“ во Дојран на моменти се чинеше премал за сите групи, имиња, дополнителни содржини и публиката која со својата позитивна енергија веќе прерасна во уникатно одбележје на фестивалот.
– И токму за неа „Д фестивал 2015“ оваа година има дополнително место за деноноќно и уште поголемо уживање во фестивалската програма и убавините на дојранското крајбрежје. Имено, во непосредна близина на паркинг „Гранит“, а на самиот езерски брег, публиката ќе добие и свој камп-простор со посебна плажа, спортски активности, интернет и други благодати за вистински летен одмор меѓу бурните фестивалски ноќи – велат од „Пасворд продукција“.
Наскоро ќе биде објавена целосната програма на фестивалот, а како и секоја година за најверните фанови „Д фестивал 2015“ подготвува влезници со најповолни цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.