| четврток, 6 декември 2018 |

Казна за Ван Перси за утнатиот пенал

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, експресно го казни својот сонародник Робин ван Перси за промашениот пенал против ВБА и пропуштената шанса да го израмни резултатот на 1-1. Ван Перси веќе нема да биде изведувач на ударите од белата точка.

– Робин е казнет. Тој веќе нема да ги изведува пеналите за нашата екипа. Секогаш е така со тие што утнуваат. Ако се сеќавате, и Руни утна пенал, па веднаш беше променет – изјави Ван Гал.

До крајот на сезоната во Премиерлигата остануваат уште три кола, а екипата на Манчестер јунајтед се наоѓа на четвртото место кое води во Лигата на шампионите со заостанување од два бода зад Арсенал, но екипата од Лондон има два натпревари помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top