| четврток, 6 декември 2018 |

Стиховите на Маџиров објавени во Антологија на современа европска книжевност заедно со стихови на Памук и на Сарамаго

Поезијата на Никола Маџиров заедно со прозните текстови на нобеловците Орхан Памук и Жозе Сарамаго е вклучена во најновата Антологија на современата европска книжевност, објавена во реномираната германска издавачка куќа „ДТВ“. Во европската антологија насловена „Книжевно патување низ Европа“, објавена на 1 мај, се вклучени дела на 35 автори, меѓу кои и Мишел Уелбек од Франција, Романецот Мирчеа Картареску и Георги Господинов од Бугарија. Промоцијата ќе се одржи за неколку дена во Берлин, а ќе следуваат претставувања и во други градови. Антологијата е приредена од признатиот германски уредник Томас Гајгер, а стиховите на Маџиров се во превод на Александер Зицман. Германскиот неделник „Шпигел“ го спореди квалитетот на поезијата на Маџиров со онаа на нобеловецот и венцоносец Томас Транстромер, a весникот „Ди цајт“ објави стихови од Никола Маџиров. Издавачот на антологијата на европската книжевност, „ДТВ“, е познат како издавач на Гинтер Грас, Набоков, Толстој, Јурсенар, Едгар Алан По, како и на македонскиот автор Влада Урошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top