| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на почетокот на новиот мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе продолжи да работи на отварање на нови работни места

Она што можам да го ветам на почетокот на овој нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ како главна партија на власт е дека ќе продолжам да вложувам максимални напори во правец на отварање на што повеќе нови работни места во земјата и решавање на проблемот на невработеноста како најгорлив проблем на нашите граѓани, подвлече Груевски.-Ние на изборите ветивме отворање на 64 илјади нови работни места во нашиот мандат. И јас стојам зад тоа ветување. И не само што стојам, туку и деноноќно работам на тоа, заедно со мојот тим. Ја користиме сечија помош, вклучително и на дијаспората, на компаниите кои веќе инвестираа тука и се задоволни од условите, кои речиси на секое наше презентирање пред поширок аудиториум потенцијални инвеститори, испраќаат свој висок преставник да им ги пренесе нивните позитивни искуства во Македонија за уште повеќе да се убедат во она што ние им го презентираме, посочи Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top