Вчера попладне, околу 15 часот на ул.„Христо Узунов“ во Виница настанала расправија момеѓу А.С.(37) и неговиот сосед М.А.(62).
А.С. физички го нападнал М.А. и неговата сестра Ј.А.(55), удирајќи ги со тврди предмети, при што му нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.
М.А. е пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување на лекарска помош. А.С. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


