| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Чаир – во пожар загина 9-годишно девојче

Деветгодишно девојче изгоре во пожар синоќа во стан во скопската населба Чаир.

Како што соопшти МВР, во пожарот кој околу 23,30 часот од засега непознати причини избувнал во стан на ул.„Емин Дураку“, со телесни повреди се здобиле четири лица кои се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Во пожарот загина деветгодишното девојче.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал којшто е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top