Договорот за продажба на италијанскиот гигант Милан меѓу Силвио Берлускони и тајландскиот милијардер Би Таечабол е речиси завршена работа.
Според италијанскиот медиуми целиот трансфер би тежел околу 1,4 милијарди долари, и тој треба да се случи до почетокот на летниот преоден рок. Новиот споственик има желба на тренерското столче да го види поранешниот тренер на Зенит, Лучијано Спалети, а во тимот да бидат и легендата Паоло Малдини и италијијанскиот стратег Марчело Липи.
Како што се најавува, тимот за претстојниот трансфер-период ќе добие сума од околу 100 милиони евра, кои ќе бидат потрошени на врвни играчи. Главни цели се Радамел Фалкао и Фелипе Андерсон.
Фалкао не се снајде во редовите на Манчестер Јунајтед како позајмен фудбалер од Монако, и се чини дека „црвените ѓаволи“ нема да го откупат неговиот договор. Фелипе Андресон блесна оваа сезона во Лацио и е еден од најзаслужните во клубот од Рим за тоа што „Лацијалите“ се наоѓаат на второто место на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго