За десетина дена, почнува реконструкцијата на железничките станици долж Коридорот 10. Од Владата велат дека со овој проект значително ќе се подобри квалитетот на услугата, со што, повеќе граѓани ќе го користат железничкиот превоз.
Реконструкцијата на железничката станица во Скопје веќе е во тек, а се очекува градежните активности да завршат до септември. Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција, ќе бидат опфатени 10 железнички станици, Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.