ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на кој се очекува да учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат престедател на партијата за следниот четиригодишен мандат.
Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.
Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата. Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер