Нема основа за надежите на Грција за итен состанок на еврогрупата кој би се одржал в понеделник за да се потврди напредокот во разговорите со Бриселската група, а со тоа можеби и Европската централна банка да и овозможи на Атина да издаде повеќе државни записи за да го намали проблемот со ликвидноста, анализираат весникот „Катимерини“.
Повикувајќи се на „неколку официјални лица од Европската унија“ кои за весникот изјавиле дека е малку веројатно министрите за финансии од еврозоната да бидат во позиција да разговараат за состојбата на преговорите на почетокот на следната недела. Кредиторите на Грција инсистираат на тоа дека мора да има договор на ниво на техничките тимови за низа реформски мерки во замена за траншата од 7,2 милијарди евра, пред предметот да се изложи пред еврогрупата.
Атина, сепак, се надева дека може да има прелиминарен договор за минимум реформи што ќе ја натера ЕЦБ да ја зголеми својата горна граница од од 15 милијарди евра за нивото на грчките државни записи кои може да се издадат и да им овозможи на локалните банки да ја зголемат нивната изложеност на овој вид на долг.
Првите два дена од разговорите со бриселската група, кои започнаа во четвртокот, потврдија дека постојат значителни разлики меѓу Грција и нејзините кредитори. Меѓу другото, разлики има и во макроекономските проекции. Атина се уште верува дека годинава може да постигне раст од 1,2 до 1,4 проценти и дека тоа ќе доведе до примарен суфицит од 1,2 проценти. Според доверителите, овие проекции се „исклучително оптимистички“.
Исто така, Атина е подготвена да продолжи со некои приватизации, но не сите од планираните за оваа година, со што во планираните приходи би влегле 1,5 милијарди евра, нешто што кредиторите исто така сметаат дека е преценето.
Грчката Влада по се изгледа и годинава ќе го задржи специјалниот „единствен данок на имот“ (ЕНФИА), и покрај изборните ветувања дека ќе го укине, а се уште има несогласувања и во врска со зголемувањето на данокот на додадена вредност кое го бараат доверителите. Европските институции сметаат дека ќе бидат потребни меѓу две и три милијарди евра од новите фискални мерки со цел Грција годинава да ги достигне своите цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција