Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот кој истече денеска во 15 часот, во пресрет на Конгресот на владејачката партија за избор на претседател кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, дознава „Курир“.
Зад кандидатурата на Груевски застанаа голем број на делегати, основачи на партијата, претседатели на месни и општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, видни интелектуалци, како и делегати кои краток период биле надвор од партијата, а сега повторно се вратиле, дознаваме од партиски извори.
Првопотпишан на кандидатурата на Груевски е професор д-р Љубиша Георгиевски, второпотпишан е Борис Змејковски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, а третопотпишан е Мане Јаковлевски, исто така еден од основачите на најголемата македонска политичка партија.
Потоа, на кандидатурата на Груевски се потпишани и Дијана Трнталовска, Јохан Тарчуловски, претседателот на Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Доцев, кардиологот и доктор на медицински науки Сашко Кедев, академик Живко Попов, професор д-р. Бранислав Саркањац, поранешната министерка за култура Ганка Самоилова-Цветановска, Стојле Стојков- пратеник во првиот парламент, Марјан Ѓорчев- поранешен министер за земјоделство, поранешната в.д претседателка на ВМРО-Народна, Весна Јаневска.
Меѓу потпишаните на кандидатурата на Груевски се и Филип Петровски, доцент д-р Златко Кесковски, професор д-р Виолета Ачковска, првиот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Драган Димишков- Попето, професор д-р Александар Шикуле, Нола Исмаилоска и низа други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


