Претставници на израелските одбранбени власти соопштија дека шефот на военото крило на Хамас Мухамед Деиф е се уште жив, откако се обиделе да го убијат за време на војната во Појасот Газа минатото лето, пренесува Танјуг.
Во воздушниот напад на трикатната куќа загинале неговата сопруга и две деца, но не беше позната судбината на деиф, кој преживеа неколку израелски обиди за убиство.
Израелските власти изразија уверување дека тој бил во куќата непосредно пред нападот, но не знаеле дали бил таму точно за време на нападот. сега веруваат дека се уште е жив.
Западните медиуми соопштуваат дека овие извори од израелските власти побарале да останат анонимни поради тоа што извештајот е таен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.