Црвена Звезда е новиот шампион во Јадранската лига, откако „црвено-белите“ по третпат ја победија Цедевита, за првпат на гостински терен и со вкупни 3-1 во победи стасаа до трофејот.
Во последниот меч од финалната серија белграѓани славеа во Загреб со 89-79 и се закитија со првиот трофеј во популарната АБА лига. Американецот Џенкинс со 17 поени беше најефикасен во таборот на новиот шампион, за Цедевита најмногу поени, 15, постигна Зубчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.