| четврток, 6 декември 2018 |

Панатинаикос и Олимпијакос казнети со над 110 илјади евра

olympiakos-vs-panathinaikosГрчките клубови Панатинаикос и Олимпијакос повторно добија парични казни од Евролигата, овој пат по четвртите дуели во четвртфиналната серија од плеј-офот.

Панатинаикос е казнет со 15 илјади евра поради користење пиротехнички средства и фрлање предмети на теренот од страна на неговите навивачи.

Од финансиски аспект многу полошо мина Олимпијакос кој во Евролигата ќе треба да уплати 97 илјади евра порадикористење пиротехнички средства и влегување на терен на неговите навивачи.

Клубот од Пиреја ќе мора и еден натпревар на домашен терен да игра без публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top