Доказите кои лидерот на Зоран Заев ги достави во обвинителството не се ништо друго освен фалсификат и неуспешен обид да го сврти вниманието од шпионажата и насилството врз државните функционери за што е обвинет во случајот „Пуч“. Според извори од истрагата Заев околу тоа кој прислушувал, инволвира лица кои се починати, лица кои се иселиле од земјава и лица заминати во пензија од поодамна. Без никаков срам лидерот на СДСМ починатите лица ги посочува како наводни оператори кои прислушувале, односно истите да ги предложи како сведоци во случајот.
Заев се обиде да манипулира со јавноста и со презентирање на изработени табели како докази. Изворите од истрагата откриваат дека Петта управа, односно Одделот за оперативно техничка поддршка на операции, веќе речиси 10 години не користи Ексел табели во своето работење. Тоа значи дека Заев објавува фалсификати кој не е поврзан со незаконски стекнатите прислушувани материјали. Таквите табели во тој програм, според изворите, се користени додека се користел стариот систем за следење на комуникации, употребуван во време кога СДСМ беше на власт. По смена на системот на работа, која била извршена кон крајот на 2007-та, воопшто немало потреба од користење на Ексел табели.
И содржината на фалсификатите „во Ексел“ укажува на дополнителна манипулација. Во табелите кои ги достави Заев, според извори од истрагата, постои уште една графа во која се наведени лица кои наводно се операторите кои биле задолжени за следење на одредена комуникација. По направените проверки е утврдено дека двајца од посочените оператори кои наводно ги снимале разговорите се починати, едното лице во 2008-мата, а второто во 2013-та година, но истото уште од 2008-мата не работело во Петта управа, туку било прераспоредено во друга организациска единица. Во листата оператори на Заев се наоѓа и лице кое од 2007-мата година е иселено од земјава во странство. Во Ексел табелите на Заев наведени биле и имиња на четворица началници во МВР, кои воопштво не работеле на оваа проблематика, како и три лица кои подолго време се пензионирани. Како дел од операторите наведени од првиот човек на СДСМ, стои и име на лице кое со отказ си заминало од Министерството за внатрешни работи во 2008-мата година, а има и две лица кои подолго време наназад не доаѓаат на работното место, користејќи боледување поради тешка болест.
Освен имињата на овие лица, во табелите се наведува и извесен Ерик, а според извори од истрагата, вакво лице никогаш не работело во УБК. Дополнително се наоѓаат други кодирани имиња на наводни оператори како Мобимак, OP-1, OP-2, OP-X, USER166, USER167, SIGS_1, SIGS_2, SIGS_3. Заев пред надлежните ќе треба да даде одговор кој стои зад овие кодни имиња, дали можеби и меѓу нив се наоѓа некој починат кој тој го повикува како сведок во случајот „Пуч“.
Извори од истрагата дополнително велат дека од првичната проверка на Ексел табелите и наводните следени комуникации, повеќе од очигледно е дека станува збор за манипулација. Најверојатно комуникациите и броевите се следени во времето на СДСМ, а голем дел од броевите веќе од поодамна не постојат. Познавачите од областа на следењето на комуникациите сметаат дека се работи за материјали на незаконско прислушување од времето на СДСМ кога прв човек на УБК бил Зоран Верушевски, како и документи кои се фалсификувани.
Дали Заев фалсификатите се обидува да се амнестира, повлекувајќи ја целата партија со себе, односно дека тој не е единствениот што со незаконските материјали се обидува да стекне одредени позиции?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.