| четврток, 6 декември 2018 |

Пет трикови секогаш да изгледате убаво

Не секогаш ни оди од рака, или пак, имаме доволно време да се средиме како што би сакале ние. Затоа постојат мали трикови со кои секогаш ќе изгледате одлично.

Поцрнет тен

Тоа не значи да се заборавите во солариумот, туку да му се препуштите на сонцето кога имате можност.

Фенирајте ја косата

Кога косата изгледа добро, голем дел е завршен. Не мора да се погрижите секое влакно да е на место, но неколку потези со четката додека се фенирате, прават чудо.

Ставајте парфем

Сите сакаат луѓе што мирисаат добро, а и убавиот парфем ќе ве прави и вас да се чувствувате убаво, удобно и самоуверено.

Носете маскара

Нема потреба од секојдневно нанесување на пудра на лицето, доволна е само маскарата за веќе да изгледате добро.

Смејте се

Не постои подобар накит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top